Уметничкиот перформанс „Сите бои на џезот” се одржа во Крива Паланка

Настанот е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, во рамки на програмата „Нов културен бран 2019″ поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

– Станува збор за веќе препознатлив проект, спој на музика, џез, и уметност, ликовно творештво. Досега се одржани повеќе вакви мултимедијални настани во Крива Паланка, Кратово и Куманово. Годинава ова е прв перформанс, кој опфати концерт на „Марија џез трио” и уметнички перформанс на двајца врвни ликовни уметници: Димитар Стојчевски, академски сликар и Нела Јанковска, академски скулптор, кои создадоа прекрасна атмосфера која ги воодушеви присутните. Создадените уметнички дела ќе бидат подарени на Градскиот музеј во Крива Паланка изјави Жаклина Цветковска од  „КААРТС”, Центарот за аудиовизуелни уметности – Крива Паланка.

По настанот во Крива Паланка, предвидено е вакви мултимедијални содржини да бидат презентирани и во останатите општини од регионот.