СПЕКТАР

Здружението Регионален центар за соработка “СПЕКТAР” е основано во 2000 година со главна цел за промовирање граѓански иницијатива во областа на образованието, културната размена, економскиот развој и отвореното општество. Во изминатите години, РЦС Спектар реализираше многу активности и проекти како на локално така и на регионално ниво, поврзани со проширување на капацитетот на НВО секторот, следење на работата на локалната власт, прекугранична соработка, заштита на децата преку спорт, споделување на искуства и информации. РЦС Спектар е член на Граѓанска асоцијација МОСТ и регионалната канцеларија за Крива Паланка, Ранковце и Кратово.

Главниот опсег на активности на здружението вклучува:

– пренос на знаење и искуство;

– Споделување на информации за иновации и најдобри практики;

– Иницијативи за културна размена;

– Поддршка на претприемништвото, локалниот и регионалниот економски развој.

Регионалниот центар за соработка “СПЕКТАР” учествува во неколку мрежи за соработка, има долгогодишно искуство и голем број партнери во областа на развојот на туристичкиот сектор и поттикнување на одржлив економски развој.

Реализирани прекугранични ЕУ проекти:

  1. ПРЕТПРИЕМАЧКИ КЛУБ – 2007CB16IPO007-2012-3-011 / Од 12/2013 до 12/2014

Целите на проектот се да придонесе за поширока свест за можностите за бизнис во прекуграничните области на област Благоевград,Бугарија и Североисточниот регион во РМ, преку обука, размена на најдобри практики и обезбедување на бесплатни и достапни информации за ресурсите во прекуграничната област.

  1. ПРЕКУГРАНИЧНО ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНО – 2007CB16IPO007-2011-2-02 / од 5/2013 до 5/2014

Целите на проектот беа да се зголеми нивото на познавање на засегнатите страни преку трансфер на know-how и искуство, споделување на информации за иновациите и најдобрите практики во винскиот сектор. Зголемувањето на знаењето, исто така да доведе до подобри позиции на пазарот и намалување на загубите..

  1. БИЗНИСОТ НЕМА ГРАНИЦИ – 2007CB16IPO007-2011-2-21 / од 7/2012 до 7/2013

Целите на проектот се поддршка на претприемништвото преку иновативна билатерална соработка помеѓу активните економски субјекти – МСП, земјоделци, невладини организации кои ги поддржуваат бизнисите, локалните власти во Ќустендилскиот округ и североисточниот плански  регион во Македонија. Проектните активности вклучуваат: истражување, анализа и стратегија за интегриран прекуграничен економски развој; студиска посета, конференции и развој на сет на консултантски материјали за воспоставени компании.

  РЦС Спектар учествуваше и во следните ЕУ проекти:

  1. ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИТЕ ВО МАЛИТЕ ОПШТИНИ / Програма Европа за граѓаните / 12 месеци (01.02.2012-31.01.2013) – како партнер. Главните цели на проектот беа развивање на одржливо партнерство и мрежа за поттикнување на активното граѓанство во малите општини.

2.ЗАЕДНО  ВО ИДНИНАТА / ФАРЕ Програмата за добрососедство – BG 2005 / 017-465.02.10 /. / 11 месеци во 2007- како партнер. Развој на вештините на претставниците на локалните власти и НВО за проектирање и имплементација на заеднички проекти за зголемување на меѓународната културна размена и соработка. Имплементација на проектот, организирање иницијативи за културна размена меѓу групи млади луѓе од Ќустендил, Крива Паланка, Делчево, Кочани, Пробиштип и Кратово. Споделување искуство и know-how во полето културна размена, обука и консултации на локалните власти.