Во Крива Паланка ,на 10 мај 2022 година, се одржа работилница за смарт планирање во туризмот каде дел од предвидените активности во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите“, што го реализираат Град Лесковац и Општина Крива Паланка, со финансиска поддршка од ИПА програмата за прекугранична соработка на Србија и Македонија.
На работилницата беше елаборирана и потврдена Интрегалната SWOT анализа за потенцијалите на пограничниот регион, конечната листа на 30 најатрактивни туристички локалитети (по 15 локалитети од двете партнерски општини), како и заедничкиот календар на манифестации и настани.
Во рамките на работилницата беше презентирана и методолошката рамка за смарт планирање како основа за подготовка на Акциски план за одржлив туризам и креирање на заедничка туристичка понуда.
Работната група , составена од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Лесковац и Крива Паланка даде повеќе предлози, анализи и насоки за подготовка на заедничките документи за промоција на туристичките локалитети и атракции.


