Презентиран извештајот од одржаниот културен форум во Крива Паланка

Центарот за аудиовизуелни уметности со поддршка на општина Крива Паланка преку Програмата за финансирање на здруженија и фондации за 2019 година го презентираше извештајот од одржаниот културен форум” Овозможувачка културна средина”.

Развојот на културата во општината со обезбедување овозможувачка културна средина за дејствување, збогатување на културната карта со нови атрактивни содржини и партиципативно граѓанско учество во локалните предизвици на културниот развој ,всушност е и главната цел на проектот.
-Правото на култура достапна за сите, како неприкосновено право што ги отсликува нашите вредости придонесоа за спроведување на еден ваков проект.Проектот опфаќа извршени анкети и две одржани форумски сесии.

Отука во извештајот се интегрирани идеите и ставовите на граѓаните нивните предлози за развој на културата во кои акцентот беше ставен на младата популација како целна група.

Презентирани се ресурсите и предизвиците за културниот развој на општината ,поточно ресурсите на културните институции,локалната самоуправа,образовните институции,граѓанскиот сектор како и самите граѓани нивните препораки и заклучоци-изјави Жаклина Цветковска од КААРТС “Центар за аудиовизуелни уметности” Крива Паланка.

Презентираниот извештај содржи заклучоци,рамки на Акцискиот план за стратешки приоритети за развојот на културата во општината, произлезени од двата претходно одржани форуми во рамки на самиот проект Културен форум “Овозможувачка културна средина”.