Одржана работилница за изработка на стратегија за туризам во општина Крива Паланка

Денес во општина Крива Паланка се одржа работилница за изработка на локална стратегија за развој на туризмот, како дел од проектот којшто е финансиски поддржан преку грант од Министерството за економија.

На денешната работилница за изработка на локална стратегија се разработуваше драфт верзијата со  анализа на трендовите во туризмот, профилот на туристичкиот пазар, мапирање на туристичките зони, како и визијата, мисијата, стратешките цели и акциониот план.

На работилницата учествуваа претставници од општина Крива Паланка, јавната и државната администрација, граѓански организации и бизнис секторот, а процесот на изработка на стратегијата за туризам беше воден и насочуван од страна на Друштвото за консалтинг ТАРГЕТ КОМУНИКАЦИИ.