КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ КАРАТИСТИ ВО АКЦИЈА ЗА СПОРТУВАЊЕ СО ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА КОВИД 19

            Норгес Вел од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар Скопје, Карате клубот,,Шампион“ и  општината Крива Паланка спроведе акција  ,,Ние спортуваме-дистанца одржуваме-мерки почитуваме !“ на која учествуваа околу 30-тина млади каратисти.

            Во услови на глобална пандемија многу е важно да ги одржиме здравиот дух и телото во добра форма, особено кај децата,  кои во модерното време се повеќе се дружат со технологијата, отколку да излегуваат  на чист воздух. Мора да го искористиме она што ни го нуди природата, имајќи в предвид дека овие услови ни се наметнати од  корона вирусот, кој  го измести  нормалниот тек на нештата, изјави Даниела Анастасовска од Норгес Вел.

Анастасовска повикува сите  да дадат свој придонес кон подобрување на ситуацијата за да се адаптираме на новосоздадената состојба, со почитување на протоколите за заштита и безбедност.

Токму и оваа акција е во духот на спортот и граѓанската иницијатива да направиме разлика, да покажеме дека можеме преку спорт и одржување дистанца да работиме на физичката способност  на сите, а воедно и да покажеме општествена одговорност, вели Анастасовска.

         

Т